Термин 10 Октомври

1 ден 10.10.2018  СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА

Состанок  на групата на паркингот на спртската сала Борис Трајковски во 16.00 часот. Поаѓање за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден 11.10.2018 БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со стручен локален водич: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел... Ноќевање.

3 ден 12.10.2018 БУДИМПЕШТА - ВИЕНА – ПАНДОРФ АУТЛЕТ

Појадок. Препорачуваме посета на Виена, панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Во попладневните часови посета на шопинг центарот во Пандорф. Враќање во Будимпешта.

4 ден   13.10.2018 БУДИМПЕШТА –СЕНТ АНДРЕА - СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот одјавување од хотел. Препорачуваме посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно попладне. Вечерта, предлагаме крстарење со брод по Дунав.

Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден 14.10.2018 СКОПЈЕ 

Пристигнување во Скопје во пладневните часови ..

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109€ / 6.760 ден

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

Превоз со модерен туристички автобус .

Сместување во Будимпешта во Хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок

Организација на аранжманот

Лиценциран туристички придружник на патувањето

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

Разглед на Будимпешта со локален водич (10 )

Крстарење по Дунав (15 )

Излет Виена и шопинг центар Пандорф (35 )

Посета на Сент Андреа (10 )

Влезници за музеите и културно - историските споменици

Задолжително патничко осигурување 155 ден

Доплата за еднокреветна соба 1.860 ден

НАПОМЕНИ:

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

* За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

* За уплати на “early booking” потребна е целосна уплата

* Попустите не се комбинираат

* Останатите услови на патување важат според годишниот програм на агенцијата

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.