Термин : 10 Октомври

1 ДЕН 10.10.2018 СКОПЈЕ - ПИРЕА

Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во 14ч30м. Се патува преку

гр. премин Богородица со попатни паузи.

2 ДЕН 11.10.2018 ПИРЕА - САНТОРИНИ

Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07:25 часот. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15:30/ часот. Трансфер од пристаниште до хотел со автобус. Сместување во хотел. Информативен состанок за презентација на факултативните излети. Слободно време. Како шлаг на денот Ве водиме во Oia (Иа) од каде ќе го видите најубавото зајдисонце. Слободно време за прошетки низ теснните улички каде ќе ги видите белите црквички со сини куполи.

Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН 12.10.2018 САНТОРИНИ

Појадок. Слободен ден или факултативно Kaldera morning – cruise. Ексурзијата започнува со мал традиционален брод кој Ве води по Калдерата до Nea Kameni – новиот вулкан, каде со локален водич се искачуваме до врвот на вулканот, каде што на врвот ќе го видиме и активниот кратер. Слободно време за фотографирање. Враќање на брод со кој се продолжува до Palia Kameni – стариот вулкан, каде што ќе имате можност да се капете во термалните води.

Враќање на пристаништето Athinos по Калдерата од каде што од бродот ќе ги видите двете стари пристаништа, пловидбата е долж сртот на Санторини се до новото пристаниште а за време на пловидбата се гледаат градовите Oia (Иа) и Fira (Фира). Ја продолжуваме екскурзијата со посета на главниот град Фира, до каде се искачуваме пеш или со жичара или со магариња. Слободно време во Фира за индивидуални прошетки низ Фира и ручек во некоја од грчките таверни. Враќање во хотел во попладневните часови. Ноќевање.

4 ДЕН 13.10.2018 САНТОРИНИ

Појадок. Целодневен факултативен излет FULL DAY SANTORINI. Посета на Археолошкиот град Акротири (влезница се плаќа на лице место) – последните остатоци од минонската цивилизација изумрена пред 3000 години при големата ерупција на вулканот од Санторини. По завршувањето на посетата на археолошкиот град одиме кон црвената плажа каде што ќе има можност за фотографирање на плажата.

Продолжуваме кон Имеровигли, балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на градот Фира. Пешачка тура низ тесните улички меѓу пештерните куќи.

Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

5 ДЕН 14.10.2018 САНТОРИНИ – ПИРЕА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите. Предлагаме посета на винаријата со музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабоко во вулканска пештера. Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина... или слободно време во градот Фира. Во 14 часот трансфер до пристаниште. Испловување на бродот во 15:30. Пристигнување во Пиреа во 23:30. Ноќно возење со попатни паузи.

6 ДЕН 15.10.2018 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169 евра / 10.480 денари

 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

- превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Пиреа – Скопје

- трансфер со брод на релација Пиреа – Санторини – Пиреа

- трансфер пристаниште – хотел - пристаниште

- 3 ноќевања со појадок во хотел со 2*/3* во Периса

- организација и придружник на патувањето

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

Факултатувни излети и програми

- Посета на Иа (залез на сонцето)– 10 евра

- Full day Santorini – 35 евра

- Влезница за вински музеј – 16евра

- Kaldera morning - крстарење со брод 35 евра

- Жичара или магаре до Фира 6 евра

- Влезница на вулканот 2,5 евра

- Грчка вечера со музика

- кабина на брод 6.200 денари

- авионско седиште на брод 4.000 денари

- задолжително патничко осигурување 185 денари

НАПОМЕНИ:

За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

 

Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

 

За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

 

Останатите услови на патување важат според годишниот програм на агенцијата.

 

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.